Регион

„Атлантик група“ не очекува остварување на целите за 2020 година

09 Apr 2020

„Атлантик група“ соопшти дека рекордните резултати од минатата година и помагаат во работењето во актуелните услови и дека не очекуваат постигнување на планираните цели.​

Во моменталната ситуација влеговме со многу стабилна финансиска позиција и историско највисоки резултати во 2019 година, што ни овозможува континуитет во работењето и во најтешките пазарни околности, соопштија од компанијата.

Тие потсетија дека по првичното објавување на групацијата за очекувањата за 2020 година на 27 февруари и коментарите за дополнителни очекувања во годишниот извештај за 2019 година објавен на 25 март, мерките за спречување на неконтролирано ширење на вирусот значително негативно влијаеја врз туризмот и угостителската индустрија, како и врз многу други економски сектори.

Тие сметаат дека е важно што, досега, освен престанокот на продажба во хорека-секторот и падот на потрошувачката на нивните производи во сегментот on the gо и имплусивни производи, немале друго значително негативно влијание врз бизнисот.

Компанијата вели дека тие ги поддржуваат институционална превенција на пандемија и мерките за заштита на граѓаните и активно го следат развојот на ситуацијата со спроведување на широки заштитни мерки, размислувајќи пред сè за заштита на сите вработени и партнерите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...