Регион

„Солана“ испорача 10.000 тони сол

26 Mar 2020

Тузланска „Солана“ работи со полн капацитет за да одговори на барањата на домашниот и на странскиот пазар, каде солта е меѓу најбараните производи во екот на пандемијата со коронавирусот. 

Во март имаме зголемена побарувачка, а во последните три седмици на пазарот испорачавме 10.000 тони од сите видови сол. Се надеваме дека ќе го одржиме овој континуитет на производство и дека сол нема да недостасува на пазарот, соопштија од компанијата. 

И покрај фактот дека извозот е отежнат поради затворањето на границите, „Солана“ преку соработката со своите дистрибутери, извезува доволна количина кујнска и индустриска сол во Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Словенија и во други земји. 

Uprkos činjenici da se izvoz soli odvija otežano zbog situacije na granicama, Tuzlanska Solana uz pomoć saradnje sa distributerima, izvozi kuhinjsku i industrijsku so u dovoljnim količinama u Srbiju, Hrvatsku, Severnu Makedoniju, Crnu Goru, Sloveniju kao i u druge zemlje.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...