Регион

Нова директорка на „Лореал“ за Јадранскиот Регион

04 мар 2020

Вања Панајотова е именувана за нова генерална директорка на „Лореал“ за пазарите на Адриа-Балкан Регион, вклучувајќи ја и Србија.

Таа на почетокот од март ќе ја замени Биџит Стрелер, која ќе преземе нови должности во групацијата „Лореал“ по 15 години успешно раководење во овој регион.

Вања Панајотова во моментот е генерална директорка на „Лореал“ во Романија и нејзините одговорности со новите должности се прошируваат за пазарите: Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и извозните пазари.

Вања има бугарско државјанство и богато 20-годишно искуство во FMCG-секторот, како и импресивна кариера во водењето меѓународни компании и големи производители. Кариерата ја почна во „Проктер & Гембел“, потоа работела во „Монделез“, за во 2017 година да ја преземе позицијата на генерална директорка на „Орбико“ во Романија. По една година е на позицијата генерална директорка на „Лореал“ во Романија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...