Регион

„Кралот на бананите“ Изет Растодер ја купи „Адриа Ервејс“

05 Feb 2020

Словенечката компанија „Јадран Адриатик“ во сопственост на црногорскиот бизнисмен, Изет Растодер, ја купи пропаднатата авиокомпанија „Адриа ервејс“ за 45.000 евра. 

Увозникот и продавачот на банани, како и бизнисмен со недвижнини, го основал „ Air Adriatic “ само неколку дена откако „Адрија“ банкротираше на крајот на септември минатата година.

Растодер претходно објави дека планира да го користи сертификатот за воздухопловен оператор на Адрија (AOC) за развој на својата компанија, за која е во план да набави два авиони. Меѓутоа, бизнисменот родум од Црна Гора, кој се пресели во Љубљана во 1986 година, исто така размислувал да воспостави нискобуџетен превозник со седиште во Љубљана.

На аукцијата за имотот на Адрија учествуваа три компании. Покрај „Air Adriatic“,конкурирале и „Комфорија“, хрватска компанија регистрирана во Словенија, како и „Deal.Aero“, ново основана компанија во сопственост на поранешен пилот на „Адриа Ервејс“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...