Регион

Нови менаџерски засилувања во „Атлантик група“

30 јан 2020

Од почетокот на март ќе има промени во организацијата на „Атлантик група“, известија од компанијата. 

Марко Нјавро ќе биде нов директор на програмата „слатко и солено“ (Atlantik Štark). Доаѓа од местото регионален претседател во компанијата „Молсон Корпс Бреинг“ за пазарите во Словенија, Хрватска и БиХ, со вкупен годишен приход од 200 милиони евра. Зад себе има 18-годишно искуство во FMCG индустријата. 

Матјаж Водопивец, досегашен генерален директор на програмата “слатко и солено“ ќе биде нов директор за Argete за полскиот пазар, кој е дефиниран како приоритетен за раст на брендот Argeta. 

Слаѓана Басташиќ е назначена за главна директорка на дистрибуцијата во Хрватска. Доаѓа од позицијата директор за комерцијална извонредност во „Кока кола ХБЦ“. Славен Ромац ќе биде главен директор за пијалаци, за брендовите Cedevita, Cockta и Kala. И тој има богат менаџерски стаж во компанијата „Кока кола ХБЦ“. Звонимир Брекало, пак, ја презема позицијата на постар извршен директор за приватни трговски марки за малопродажба и за хотелски синџири. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...