Регион

„Шпар“ - Хрватска овозможи поврат на пијалаци

09 Jan 2020

Во рок од десет дена од купувањето пијалаци во маркетите на „Шпар“ во Хрватска, отсега ќе можат да ја вратат амбалажата од пијалаците во оригинално сочувано пакување - пакети, кутии, картони, шишиња и сл. Купувачите можат да вратат алкохолни и безалкохолни пијалаци, пиво и вино.

Сè што треба да направат купувачите е да ја прикажат сметката. Доколку станува збор за акциските понуди, како што се 1+1, се пресметува и се враќа средната цена на пакетот.

За сите пијалаци купени во декември 2019 година, повратот на амбалажата ќе биде возможен до 31 јануари 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...