Хрватскиот „Велпро-центар“ ќе се припои кон „Конзум“, објави компанијата „Фортенова груп“, во чиј состав работеа и двата синџири маркети.
„Велпро-центар“ во Хрватска има 16 големопродажни центри и 800 вработени. Со спојувањето, мрежата на „Конзум“ ќе се прошири на 16 големопродажни центри во Хрватска, ќе има 11.000 вработени и се очекува да оствари дополнителни приходи од милијарда куни.
Во „Фортенова груп“ сметаат дека припојувањето ќе осигури и други бројни предности: оптимизација на асортиманот, стабилна покриеност на националниот пазар, засилување на дистрибуцијата, посебно во тек на туристичката сезона.
Клучен темел за јакнење на дистрибуцијата се вработените со долгогодишно искуство, возен парк со повеќе од 150 камиони за камиони за достава, 16 кеш&кери и дистрибутивни центри во кои се планира натамошна модернизација на продажните процеси, соопштија од „Фортенова груп“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.