Регион

„Меркатор“ ќе отвори 28 нови продавници во 2020 година

13 Dec 2019

Групацијата „Меркатор“ ќе продолжи да ја спроведува својата стратегија својата стратегија за развој за 2020 година, при што се предвидени вложувања од 44 милиони евра, соопштија од компанијата. 

Најголем дел од тие средства, 57 отсто, ќе бидат инвестирани во Словенија. Словенечкиот синџир маркети за следната година планира 2,3 милијарди евра приход и 110 милиони евра  нормализирана заработка пред камата, оданочување и амортизација (ЕБИТДА).

Исто така, синџирот ќе отвори 28 нови продавници и ќе реновира уште 65 продавници на повеќе пазари. 

„Меркатор“ продолжува и со проектот за нов логистичко-дистрибутивен центар во Љубљана,чија изградна треба да заврши до крајот на 2021 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...