Регион

„Бамби“ доби признание „Најдоброто од Србија“

29 Nov 2019

Компанијата „Бамби“ беше прогласена за најдобар корпоративен бренд во категоријата храна, на овогодинешното доделување на признанијата „Најдоброто од Србија“, во организацијата на Стопанската комора на Србија и Министерството за трговија, туризам и телекомуникации. 

Ова е втора година по ред како „Бамби“ го добива признанието во оваа категорија. 

Со брендовите на „Бамби“, особено со Plazma, пораснаа и растат бројни генерации. Ние и натаму ќе настојуваме да ја оправдаме довербата што ни ја укажувате долги години, негувајќи ја традицијата на омилен домашен бренд, изјави Вукашин Петковиќ, директор на правни и корпоративни работи во „Бамби“, подигнувајќи ја наградата во име на компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...