Регион

„Матони 1873“ и „Пепсико“ ја завршија заедничката аквизиција на „Књаз Милош“

22 Aug 2019

Во амбасадата на Чешка во Србија потпишан е договор за аквизиција меѓу трите компании.

Компанијата „Матони 1873“ преку својата компанија-ќерка „Карловарске минералне воде (КМВ) и компанијата „Пепсико“, преку својата компанија „Фрито-леј трејдинг компани“, со заедничко вложување ја завршија аквизицијата на „Књаз Милош“.

Претходно, „Књаз Милош“ беше во сопствеништво на инвестицискиот фонд „Мид Европа партнерс“.

Транскацијата е одобрена од Антимонополската комисија и опфаќа купување на 100 отсто удел во компанијата, односно купување на производствените капацитети на компанијата „Књаз Милош“ во Србија, како и на брендовите: Knjaz Miloš, Aqua Viva, Guarana, ReMix Knjaz, Tube, Gusto и др.

Компанијата „Књаз Милош“, со седиште во Аранѓеловац, има деловна историја долга 200 години и претставува една од најголемите производители на минерална вода, безалкохолни и енергетски пијалаци во Србија.

„Пепсико“, мултинационална компанија и еден од најголемите светски производители на храна и пијалаци која работи во повеќе од 200 земји во светот, и „Матони 1873“, најголем дистрибутер на безалкохолни пијалаци во Централна Европа, веќе долго време успешно соработуваат. „Матони 1873“ е производител и дистрибутер на портфолиото на газирани пијалаци на „Пепсико“ во Чешка, Унгарија, Словачка и Бугарија.

Ѝ посакуваме добредојде на „Књаз Милош“ во семејството на „Матони 1873“. Соединувањето на двете компании ни пружа можност за развој на купувачите и нашите вработени, но и извонреден квалитет за нашите купувачи и потрошувачи, рече Алесандро Паскуал, генерален директор на „Матони 1873“.

Кристоф Гил, виш потпретседател за Централна Европа и Балкан во „Пепсико“ истакна дека партнерството меѓу „Матони 1873“ и „Пепсико“ досега било многу успешно и оваа аквизиција за нив претставува можност за дополнителен развој.

Во името на инвестицискиот фонд „Мид Европа партнерс“ договорот го потпиша Андреј Јовановиќ, генерален менаџер на „Мои брендови“, компанија дел од „Мид Европа партнерс“.

Со унапредувањето на сите аспекти од нашето работење во последните неколку години, ја направивме „Књаз Милош“ угледна компанија. Се радуваме што ќе им се придружиме на водечките брендови, затоа што тоа е најдобриот доказ за нашиот успех, истакна Милош Стојисављевиќ, генерален директор на „Књаз Милош“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...