Регион

Нова аквизиција на „Бинго“

22 Jan 2019

Компанијата „Бинго“ од Тузла се подготвува за нова голема аквизиција. Таа има намера да ја преземе компанијата „Адна комерц“ од Босанска Крупа, која има повеќе трговски центри во Крајина.

Компаниите веќе потпишале писмо со намера за преземање.

Главниот бизнис на „Адна комерц“ е малопродажба, а сконцентрирана е во Крајина. Има два трговски центра во Босанска Крупа и по еден во Цазин и во Бихаќ. Има продавница во Велика Кладуша, како и бензинска станица во Бихаќ. Сопственик на компанијата е Златан Јушиќ.

Со ова продолжува реализацијата на плановите на „Бинго“ за ширење на компанијата, која е лидер на малопродажниот пазар во БиХ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...