Регион

„Фуд стар“ ќе извезува месо во Кина

04 Oct 2018
Компанијата „Фуд стар" од Јагодина потпиша договор за извоз на 50 тони пилешко месо месечно со кинеската компанија „Голден Си Перл". 
 
Станува збор за една од најголемите кинески компании во својата област. 
 
Поради договорот, српската „Фуд стар" ќе го удвои своето производство на 50.000 колења во еден месец. 
 
Претставникот на кинеската компанија најави дека во следната фаза, ќе го откупат комплетното производство на фабриката од Јагодина и дека ќе потпишат договор за извоз во Кина и со „Агрожива", уште една фабрика за производство на месо од Јагодина. 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...