Регион

Србија повлекува од пазарот овошен јогурт

04 Sep 2018
Европската комисија преку Системот за брзо исвестување за храна и храна за животни (РАСФФ), на 28 август испрати итно известување дека се најдени фрагменти од пластика во овошен јогурт со вкус на јагода на „Данон" кој во Србија е увезен од Романија. 
 
По жалба на потрошувачи од Финска, која истиот бренд го увезла од Полска, е испратено известување до сите земји кои го увезле спорниот лот.  
 
Српската ветеринарна инспекција утврдила дека во оваа земја била увезена количина од 81 килограм, во пакување од 4x125 грамови.
 
Иако досега не е утврдено дека во јогуртот на српскиот пазар има фрагменти од пластика, поради претпазливост, наложено е од пазарот да се повлечат сите останати количини од евентуално спорниот производ.
 
За преземените мерки е известена и Европската Комисија, соопштија од Министерството за земјоделство на Србија

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...