Регион

Француски ЛДЦ нов газда на „Перутнина Птуј“?

03 Sep 2018
Групацијата „Перутнина Птуј", која има 3.600 вработени, наскоро ќе добие нов сопственик. Разговорите за продажба со Словенска индустрија за челик (СИЈ), компанија во руска сопственост, се во завршна фаза.
 
За купување на „Перутнина Птуј" се заинтересирала француската групација ЛДЦ, која минатата година оствари профот од 3,6 милијарди евра. 
 
Од „Перутнина Птуј" велат дека компанијата отворила повеќе можности и дека конечна одлука уште не е донесена. 
 
Продажба на „Перутнина Птуј" веќе подолго време бараат кредиторите на СИЈ, меѓу кои најгласни се руската државна банка „Сбербанк" и купувачите на обврзници на СИЈ. 
 
Влегувањето на СИЈ во сопственичката структура на „Перутнина Птуј", со плаќање на 40 милиони евра додатен капитал, беше големо изненадување пред три години. Денес, СИЈ поседува повеќе од 90 отсто од акциите на „Перутнина Птуј". Само минатата година купи уште 12 отсто акции, за кои издвои 11 милиони евра. Проблем на СИЈ е релативно високиот нето финансиски долг кој лани изнесуваше 334 милиони евра и за чиј раст најмногу придонесе купувањето на „Перутнина Птуј". 
 
Групата ЛДЦ има 19.500 вработени на 75 локации во Франција, Шпанија и Полска, која минатата година најмногу го зголеми производството на месо меѓу сите земји од ЕУ. 
 
„Перутнина Птуј" произведува пилешко месо и други живински производи, а работи во Словенија, Србија, Македонија, Хрватска и во Босна и Херцеговина

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...