Регион

Србија ги воведе нудлите како нов производ

30 Aug 2018
Србија го измени Правилникот за квалитет на жито, млински и пекарски производи и тестенини и ги воведе нудлите (инстант резанки) како нова категорија производ.
 
Истовремено, државата за околу 70 отсто ги намали царинските давачки што ги плаќаа производителите на нудли за палмино масло и за мешавина зачини. 
 
Претходно, овие производители имаа проблем бидејќи нудлите не беа категоризирани на српскиот пазар и ги немаше во ниту еден Правилник за квалитет на производи. 
 
Компанијата „Индоадриатик индустри“ побара од Од Здружението за прехранбени производи на Србија да изготви нов Правилник или да направи измени во важечкиот, бидејќи составот на нудлите и на сировините кои се користат за нивно производство во голема мера се разликува од пекарските и од млинските производи. 
 
„Индоадриатик индустри“ која во Србија работи осум години, се занимава со производство и дистрибуција на инстант нудли на брендот Indomie од Индонезија. Освен што го снабдува српскиот пазар, фабриката извезува и на пазарите во Хрватска, Босна, Македонија, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Романија и Албанија.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...