На почетокот од месецов, ДИС отвори два нови маркета во Параќин, со што го продолжува проширувањето на малопродажната мрежа.
Двата маркета се на површина од 300 м2, со модерен изглед и современо опремени. Првиот, кој беше отворен на 1 август, се наоѓа на зелениот пазар, односно на улицата Вожда Караѓорѓа, бр. 10, а вториот, отворен на 5 август, е карши автобуската станица, на улицата Тома Живановиќ, бр. 43.
Во двата маркета асортиманот е приспособен на потребите на потрошувачите. Продавниците се опремени со оддели за свежо овошје и зеленчук, како и со месарници со свежо месо. На полиците може да се најде сè што еден модерен концепт на малопродаен објект може да понуди, соопштува трговецот.
И во двата маркета потрошувачите може да се услужуваат на две наплатни каси, а како што објаснуваат од ДИС, бројот на вработените е соодветен на квадратурата и на потребите на маркетите. Трговецот открива дека е во постојана потрага по нови локации, во согласност со стратешката цел – проширување на продажната мрежа. Бараме локации со површина поголема од 250 м2, во места со повеќе од 5.000 жители, порачуваат од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.