Регион

Осмислена првата паметна кошница за мед

13 Aug 2018
„Хабитат" е стартап компанија која овозможи дигитализација на традиционалните кошници за пчели.
 
Семир Шакановиќ, е косопственик и директор на „Хабитат" кој истакна дека со овој производ, стандардните кошници за пчели се претвораат во „паметни кошници", единствени во светот, кои можат да ја следат тежината на медот и да го зајакнуваат фондот на пчелите. Преку ова решение може да се следи и да се мери температурата и влажноста во и надвор од кошницата, а податоците можат да се следат на веб или на мобилни апликации. На овој начин пчеларите не мора да доаѓаат и да ја проверуваат состојбата на кошниците.
 
Според Шакановиќ, идејата за овој производ се појавила откако се увидел проблемот на изумирање на пчелите.
 
Во последните 10 години, секоја година умира 40% од пчелите. Тоа не влијае само на пчеларството, туку и на целокупното производство на храна, со оглед на тоа што пчелите се битни за опрашувањето на растенијата. Затоа, дојдовме до идеја да направиме производ со кој би се намалил овој процент, но во исто време, на пчеларите ќе им се олесни процесот на нивно одржување и зголемување на продукацијата на медот, објасни Шакановиќ.
 
Тој дополни дека модерната технологија, може да привлече и да го зголеми интересот кај младите, за и тие да почнат да се занимаваат со пчеларство.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...