Привремениот совет на доверители вчера едногласно го изгласа договорот за „Агрокор" и му даде согласност на владиниот повереник Фабрис Перушко да го предаде на суд.
Најголемиот косопственик на новиот „Агрокор" ќе биде „Збербанк" со удел од 39,2%, сопствениците на обврзници ќе имаат 25%, банката ВТБ 7,5% и „Загрепска банка" – 2,3%, изјави вонредниот повереник Перушко. Тој додаде дека од сопствениците има уште 4 хрватски компании што не се од банкарскиот сектор – „Адрис" со 1,4% сопственост, „Франк" со 1,3% и „Сапониа" и „Сокол Мариќ" со по 0,6%.
Постигнавме договор со „Збербанк", при што договорениот модел за наплата зависи од идните резултати на групацијата и ќе биде исплатен земајќи ја предвид вкупната профитабилност на „Агрокор". Договорена е и можноста за делот во „Меркатор" да се замени со косопственички дел во „Агрокор", истакна Перушко.
Ирена Вебер, заменичка на владиниот повереник, соопшти дека текстот на договорот е комплексен, на 7.300 страници и дека на него се работело речиси шест месеци, а во последните неколку недели и деноноќно. За договорот да почне да се применува потребна е потврда од Трговскиот суд.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.