Регион

Наскоро фабрика за детска храна во Добановци

01 Jun 2018
Претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж, најави дека за неколку месеци, во Добановци, ќе биде завршена фабриката за детска храна, инвестиција на „Фармалакт" вредна 34 милиони евра.
 
Руската компанија „Фармалакт", во сопствеништво на српскиот бизнисмен Горан Вуковиќ, отвори производствен погон во московскиот регион Ногинск со вредност од 23 милиони евра. Компанијата почнува нов проект во Србија - изградба на фабрика за производство на детска храна, која се очекува да заврши за неколку месеци.
 
Стратешки партнер на „Фармалакт" за Западен Балкан за овој проект е српската компанија „Нелт Ко", која ќе биде и дистрибутер на производите од фабриката во Добановци, изјави Чадеж на отворањето на московскиот погон.

Детската храна произведена во Србија, по завршувањето на погонот во Добановци, ќе биде пласирана на српскиот и на регионалните пазари, а комплементарната програма - суви житни и млечни кашички и пире ќе се продаваат и во Русија. Како што истакна Чадеж, ова особено е значајно за подобрување на извозот на Србија во големиот руски пазар. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...