Регион

Хрватска: Отворен е нов супермаркет на „Шпар“ во Грубишно поље

20 Mar 2025

Во Грубишно Поље свечено беше отворен новоизградениот и модерно опремен супермаркет на „Шпар“, кој беше уништен во пожар пред нешто повеќе од една година. Ова отворање е потврда на ветувањето што „Шпар“ им го  даде на локалната заедница само неколку дена по несреќата - дека продавницата ќе биде обновена што е можно поскоро и повторно достапна за купувачите.

Со модерен ентериер и подобрена функционалност, новоизградената продавница овозможува уште попријатно купувачко искуство. Посебна карактеристика на овој „Шпар“ супермаркет е богатата и секогаш свежа понуда во одделот за риба, кој покрај морска риба има и голем избор на слатководни риби. До рибниот оддел има и месарница, а според реакциите на првите муштерии месарницата и рибниот оддел се главните атракции на новиот супермаркет. Посебна карактеристика на овој супермаркет е делот за топла храна, со разновидна палета на оброци кои секојдневно се подготвуваат во продавницата, за сите зафатени и практични луѓе кои сакаат вкусен и готов ручек или вечера. Понудата на супермаркетот „Шпар“ во Грубишно Поље е надополнета со голем избор на свежо овошје и зеленчук, како и вкусни пекарски производи.

По повод отворањето на најновиот супепрмаркет на „Шпар“, извршниот директор на „Шпар“ - Хрватска, Хелмут Фенцл, исто така додели донација за опрема на противпожарната служба во Грубишно Поље во вредност од 10.000 евра.

 

Извор/Фото: InStore.hr

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...