Регион

Србија: Отворен е реновираниот маркет на „Универекспорт“ во Суботица

20 Jan 2025

„Универекспорт“ официјално ја отвори реновираната продавница на улица Фрањо Клуж бр. 1 во Суботица.

Реновираниот продажен простор во Суботица е опремен со модерен ентериер и функционален распоред, со што се постигнува уште подобра организација и удобност при купувањето.

Објектот, кој се простира на површина од 150 метри квадратни, на потрошувачите им нуди повеќе од 35.000 артикли, вклучувајќи производи од брендовите   „Универекспорт“,  Baš Baš, Daj Daj и Naše najbolje , како и производи од сопствено производство од фармите „Бачка“ и „Органа“.

Првите 50 купувачи за подарок добија торба, а беа подготвени уште 50 подарок пакети, а секое педесетто купување беше бесплатно.

Компанијата обезбеди и специјална промоција за потрошувачите на овој објект, која ќе трае до 29 јануари и опфаќа разновидни производи од различни категории.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Универекспорт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...