Регион

Хрватска: Отворен е нов продажен центар на „Певекс“ во Пореч

05 Dec 2024

Во Пореч е отворен 30 продажен центар на „Певекс“. Повеќе од 20.000 производи се достапни за купувачите на речиси 5.000 квадратни метри. Вкупната вредност на инвестицијата е девет милиони евра.

Во новиот продажен центар на „Певекс“ се вработени 47 вработени и тој е модерно опремен, енергетски ефикасен и целосно прилагоден на барањата на купувачите, како што се и  сите центри во сопственост на компанијата.  

 Како што најавивме, оваа година ќе биде одбележана со инвестиции. Пред два месеци го отворивме централниот магацин, денес нашиот 30-ти продажен центар, а за неколку дена и 31-ви во Забок. Задоволни сме што ова е наш втор продажен центар во Истра, а особено ми е драго што ќе им го олесниме купувањето на производи за изградба, опремување и украсување на домот и градината за жителите на Пореч. Што се однесува до натамошното проширување, продолжуваме со планираниот инвестициски циклус и проширување на продажната мрежа, изјави извршниот директор на „Певекс“, Крешимир Бубало.

„Певекс“ во Пореч се наоѓа на адреса Станција Калигари, 20, 52440 Жбандај,   , каде што купувачите можат да очекуваат бројни попусти и поволности по повод отворањето, како и наградна игра во која „Певекс“ им доделува на купувачите вредни награди.

 

Фото/Извор: „Певекс“/ Linkedin  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...