Регион

Хрватска: Пораст на малопродажбата 19 месеци по ред

04 Dec 2024

Државниот завод за статистика на Хрватска соопшти дека потрошувачката во малопродажбата пораст што е 19 месеци по ред.

Како што соопштуваат од Заводот, потрошувачката во октомври на месечно ниво има пораст за 0,6%, додека на годишно ниво има пораст од 6,7%.

Прометот на малопродажбата на храна, пијалаци и тутунски производи во овој период има пораст за 5,1%, додека прометот во малопродажбата за непрехранбени производи (освен за моторни горива и масла) има пораст за 12,4%.

Порастот во октомври бил малку побавен во однос на септемврискиот, кога е забележан пораст на прометот од 7,1%.

Во првите десет месеци од годинава, во однос на истиот период минатата година, прометот во малопродажбата во Хрватска има пораст за 7,5%.

Извор: SEEbiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...