Трговскиот синџир „Фама“ во Шемпас ја отвори својата 26 продавница која според големината е трет најголем објект во продажна мрежа на компанијата.
Продавницата која се протега на површина од 370 квадратни метри на потрошувачите им нуди околу 7.000 производи и дел од деловната зграда која ја изгради компанијата и во која има четири стана.
Оваа продавница е замислена како нов почеток. Ги поставивме темелите за иднината, како основа за ширење на другите места низ Приморска и Словенија, изјави Тилен Лемут, извршен директор на „Фама“.
По повод отворањето компанијата засади дрвја, а присутните на настанот ги забавуваше пејачот Џиани Ријавец.
Со вработувањето на седум нови лица во маркетот, компанијата го зголеми бројот на вработени на 140.
Извор: InStore.rs
Фото: „Фама“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.