Регион

Србија: „Апатинска пивара“ лансира мобилна апликација за лојалните потрошувачи

16 Oct 2024

„Апатинската пивара“ ја лансира првата мобилна апликација за лојалните потрошувачи APPatinska, преку која со купувањето на пивските брендови на оваа компанија ќе можат да се освојат многу подароци.

Оваа апликација важи само на територијата на Србија и е наменета за сите љубители на пиво кои покрај ужувањето во вкусовите на познатите пивски брендови од „Апатинската пивара“, ќе имаат можност да собираат бодови и да остварат право на вредни подароци.

Некои од наградите се маици со интересни пивски натписи, е – ваучери на износ од 2.000 динари и 5.000 динари за купување во некои од трговски центри, продавници, спортски продавници и продавници за техника, JBL блутут звучници, карти за во кино ....

Во рамките на програмата за лојалност постојат два вида на активации, основна активација која трае непрекинато и со која можат да се добијат основни бодови кои се обновуваат на секои два месеци, како и специјални активации кои се достапни во одреден период и важат само за купување на одредени бреднови во дефинирани продажни објекти.

Се што треба да направат купувачите е да ја преземат на своите телефони апликацијата и потоа да ги скенираат кодовита на сметките на кои има некој од производите од широкиот асортиман на „Апатинската пивара“ (Jelen pivo, Nikšićko, Staropramen, Bavaria, Stella Artois, Corona, Hoegaarden, Guinness, Blue Moon, Fresh 00, Apatinsko и Lowenbrau) и на тој начин да соберат поени.

Пивото може да го купат во секој продажен објект, кој издава фискални сметки со QR код.

 Механизмот на собирање на поени е прилично едноставен, собраните поени во секој момент се наоѓаат на корисничкиот профил и можат да се заменат за некоја од наградите кои се достапни во моментот. Во самата апликација постојат можности да се следат подароците кои се на располагање. Подароците пристигнуваат на избраниот пакетомат.

 Уште една од бенефициите кои се карактеристични за оваа апликација е што потрошувачот може да ги следи  дека секоја од внесените сметки се успешно регистрирани за поени. Доколку има неколку пропусти овозможено е веднаш преку апликацијата да се поднесе барање за проверка на исправноста на скенираната сметка.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Апатинска пивара“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...