Регион

Хрватска: „Шпар“ го претстави новиот логистички центар

09 Oct 2024

Еден од водечките трговски синџири во Хрватска, „Шпар“ пред медиумите го претстави својот нов логистички центар во Доња Зденчина во општината Клинча села во Загребската жупанија. Инвестицијата за овој проект е вредна 110 милиони евра, а новиот и најголем логистички центар на „Шпар“ во Европа ќе придонесе за унапредување на целиот синџир на снабдување.

Логистичкиот центар на „Шпар“ има капацитет од 100.000 палети и е опремен со 170 рампи, со што компанијата значиетлко ги подигнува своите капацитети за снабдување низ Хрватска. Во првата фаза во него се отвораат 500 работни места.

Новиот логистички центар е изграден на парцела од 370 илјади квадратни метри, која што е одлично поврзана со значајните патишта, со јавниот превоз и со железничката пруга. Површината на објектот изнесува 75.000 квадратни метри и во него се сместени три хали. Првата служи за сувиот асортиман, втората за замрзнатиот асортиман, додека во третата се сместени, уреди, ресторан и простории за вработените, какои погони за рециклирање на картонска амбалажа и друг вид на отпад.

      

 Во логистичкиот центар целосно е воведено LED осветлување, а посебни простории или зони во рамките на центарот се опремени со светлосни сензори кои ја регулираат потребата за вклучување и исклучување на осветлувањето, со цел значително да се намали потрошувачката на електричната енергија и да се зголеми енергетската ефикасност на објектот. Оваа еколошка инвестиција е дел од пошироката стратегија за одржлив бизнис и намалување на влијанието врз животната средина.

Новиот логистички центар го претставија: претседателот на управата на „Шпар“ – Хрватска, Хелмут Фензи, членовите на управата на „Шпар“ – Хрватска, Даниел Видиш и Горан Вукелиќ и директорот на секторот за логистика на „Шпар“ – Хрватска, Јозо Роџаковиќ.

Проектот за изградба на нов логистички центар беше завршен во исклучително амбициозна временска рамка од само 20 месеци и покрај сложеноста на сите технички и оперативни системи кои овозможуваат негова врвна функционалност. Локацијата е внимателно избрана поради одличната сообраќајна поврзаност со остатокот од Хрватска, што обезбедува оптимална дистрибуција. Со оглед на вредноста на инвестицијата и отворањето на значителен број нови работни места, сметаме дека ова е еден од најважните проекти од ваков вид во Загребската жупанија, изјави Данијел Видиш, член на Управниот одбор на „Шпар“ -  Хрватска.

Централизацијата на сите логистички операции на една локација беше комплексен проект кој успешно го реализиравме во соработка со нашите тимови и експерти од концернот „Шпар“. Благодарение на нашите домашни партнери - во проектирањето, каде што соработувавме со архитектонската компанија „Сирах“ од Осиек, а пред се во изградбата, каде главни изведувачи ни беа „Камград“, „Електро-Цециќ“ и „Зларинг“ - го завршивме проектот во амбициозен рок и , пред се, успешно, на задоволство на групацијата „Шпар“, изјави Горан Вукелиќ, новиот член на управниот одбор на „Шпар“ - Хрватска задолжен за логистика.

Извор/Фото: Instore.hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...