Регион

Србија: „Нелт група“ ќе гради ново складиште во Добановци

25 Sep 2024

Во присуство на претставници од Стопанската комора на Србија и голем број директори и менаџери од водечки компании од логистика, транспорт и трговија се одржа третиот по ред „Кастемерс деј“ на „Нелт“.

Фокусот на овогодинешниот настан беше ставен на трансформацијата на целиот логистички сектор, интегрираните синџири на снабдување и интермодалниот транспорт, преку зајакнување на регионалните партнерства.

„Нелт група“ на настанот ја најави изградбата на новот складиште во Добановци, кое е дел од најголемиот инвестициски циклус во историјата на компанијата во следните три до четири години.

Со изградбата на новото складиште од компанијата очекуваат дека тоа ќе биде значајна поддршка за натамошниот раст на работата, зголемувањето на оперативната ефикасност и подигување на квалитетот на услугите.

Планот е да изградиме еден од технолошки најнапредните системи за складирање во регионот, со цел да обезбедиме побрза, поефикасна и подобра услуга на нашите клиенти во споредба со другите дистрибутери. Нашата цел е да ги подобриме логистичките капацитети, со посебен фокус на автоматизација и оптимизација на логистичката мрежа и нашите операции, изјави Дарко Лукиќ во своето прво јавно обраќање откако ја презеде улогата на извршен директор на „Нелт груп.“

Тој истакна дека компанијата и годинава продолжува со забрзан раст на приходите, како и географско проширување на бизнисот.

„Нелт група“, која минатата година одбележа 30 години од своето работење и работи на 12 пазари во Европа и Африка, основаше нова компанија во Романија - ние првично ќе ги дистрибуираме нашите брендови на тој пазар, но - како и со Нелт Европа, која го покрива пазарите на Словенија и Хрватска - отворени сме за дистрибуција на производи на други компании, изјави генералниот директор на „Нелт група.“

Кога станува збор за приходите, тој посочи дека годинава раст е забележан на сите европски и африкански пазари освен во Мозамбик, чија економија се соочува со предизвици.

Оваа година очекуваме ниво на приходи од 1,4 милијарди евра. Во согласност со нашата повеќегодишна стратегија за развој на компанијата, бележиме диспропорцијално висок раст на логистичките услуги и на брендовите на „Нелт“, изјави Лукиќ.  

На настанот беше организирана и панел дискусија на тема „Трансформација на бродската индустри во синџирот на снабдување“, во која учествуваа Ивиќ Водопија, генерален директор на „Маерск“ за Источна Европа, Стевица Чарапиќ, регионален директор на „МСЦ“ и Ерик Косута, основач и претседател на „Драгон Маритајм група“.

Главен говорник на настанот беше Луказ Мусиалски, партнер и виш консултант во компанијата „Чеингерс“, кој говореше за модерните трендови во логистиката и начините на кои компаниите можат да се прилагодат на промените на пазарот.

Европскиот пазар за логистички недвижности е во постојана експанзија и со години бележи значителен пораст на побарувачката за складишен и логистички простор. За да се одговори на барањата, компаниите од индустријата мора да имаат одговори за потребите на пазарот, за клиентите и да влезат во чекор со трендовите градејќи ефикасни и автоматизирани складишни простори. Инвестицијата на „Нелт“ во новата логистичка инфраструктура е пример како треба да се реагира за растечките потреби на пазарот, истакна Мусиалски.

Во рамките на настанот имаше и разговори со Горан Поповиќ, директор за операции во „Бамби“ и Ненад Диковиќ, менаџер на секторот за договорна логистика, кои разговараа за интегрираната соработка на компаниите „Бамби“ и „Нелт“, и што треба да се направи за да биде успешно такво партнерство.

Клучната порака на овогодинешната конференција, трета по ред, е дека синџирите на снабдување мора да бидат интегрирани за да бидат ефикасни и отпорни, преку партнерскиот пристап на сите алки,  од производители, логистички и бродски компании, дистрибутери и трговци на мало, поради задоволството на крајниот потрошувач.

 

 Извор: Instore.rs

Фото: „Нелт група“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...