Регион

БиХ: „Лидл“ почна со изградба на три нови продавници

03 Sep 2024

По првичното купување на парцели во Сараево, Мостар и Грачаница, „Лидл“ сега стана сопственик и на земјиште во Вогошќа, Зворник и Градишка.

Со оваа мултимилионска инвестиција се планира изградба на три нови продавници, а почетокот на работата се очекува во септември.

Продавниците ќе нудат широк асортиман на производи, претежно под приватните брендови на трговецот, а ќе користат модерна технологија и еколошки методи на градба за заштеда на енергија.

Да потсетиме, компанијата на почетокот на годинава ја заврши изградбата на првата продавница во Босна и Херцеговина. Малопродажниот синџир го основа своето седиште во оваа држава во 2021 година. Во моментов гради дистрибутивен центар на подрачјето на општина Кисељак, а се очекува со влезот на пазарот да отвори околу 2.000 нови работни места.

Дистрибутивниот центар ќе се простира на површина од околу 60.000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, а покрај тоа ќе се потпира и на електрична енергија од обновливи извори и фотоволтаични елементи кои генерираат приближно 1 MW електрична енергија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...