Регион

БиХ: „Црвена јабука“ ќе отвори нов хипермаркет во Сараево

29 Aug 2024

Трговскиот  синџир „Црвена јабука“ се подготвува да го отвори својот нов продажен објект во сараевската населба „Пофалиќи“.

Хипермаркетот ќе се протега на 3.000 квадратни метри и ќе претставува можност за вработување на над 100 лица на различни работни позиции.

Маркетите на оваа компанија се препознатливи по свежите намирници, екслузивните производи и гастро специјалитети.

Новиот хипермаркет ќе ја продолжи традицијата на понудата на гастро оделенија со готова храна и широк асортиман на производи за лична нега, храна и пијалаци.

Компанијата „Црвена јабука“ е основана во 2018 година во Јајце, а сопственик е Бојан Рисковиќ од Бања Лука.  

 

 

 

 

 

Извор: Biznisinfo.ba

Фото: „Црвена јабука“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...