Компанијата dm drogerie markt реализира донации во форма на неопходна стока за институции и организации на кои им е најпотребна помош, со што ја продолжи својата посветеноста и поддршката на социјално ранливите категории.
Овој пат dm донираше стоки во износ од речиси 800 илјади динари до Институтот за мајка и дете, додека за здружението „Анѓели севера“ кое им помага на социјално загрозените семејства, како и на лицата со попреченост и пречки во развојот, им додели две донации во февруари и јули донации со вкупна вредност од 517 илјади динари. На Црвениот крст на Србија, со кој dm соработува долги години, му е донирана бебешка храна од брендот dm babylove, вредна повеќе од 840 илјади динари.
Општествениот ангажман отсекогаш засема високо место на скалата на вредности на dm. Компанијата континуирано се труди да и возврати на заедницата за долгорочната доверба така што покренува бројни хуманитарни акции и општествено одговорни проекти преку кои придонесува со конкретни промени. Секојдневно не мотивираат насмевките на луѓето на кои им помагаме, како и на сите родители кои имаат чиј избор е нашиот асротиман, изјави Светлана Јовановиќ – Митиќ, ресорна менаџерка за маркетинг и комуникации на dm Србија и Северна Македонија.
Покрај овие донации, компанијата организираше голем број општествено одговорни активности, како што се донации по повод отворањето на новите и реновирањето на постоечките dm дрогерии или донации за „Народните кујни“ на Црвениот крст на Србија како дел од кампањата за давање во Giving friday, проектот Засади дрво и други.
Извор: InStore
Фото: dm drogerie markt Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.