Регион

Хрватска: Отворен е новоуредениот „Краш & шоп“ во Славонски Брод

22 Aug 2024

Во центарот на Славонски Брод, отворен е новоуредениот „Краш & шоп“ кој се наоѓа на адреса плоштад Иван Брлиќ Мажураниќ 6.

Се работи за продавница која речиси 60 години е на истата локација и е омилено место за врвните љубители на слатки, а отсега има понуда збогатена со производи од други категории.

Новоуредeнaта продавница е резултат на континуираното настојување на „Краш“ да ги задоволи растечките потреби на купувачите, нудејќи се што им е потребно да биде на едно место. Купувачите сега ќе можат да уживаат во поголемиот избор, подобрата прегледност и удобниот амбиент на продавницата на „Краш“ која се протега на 40 квадратни метри.

После успешните преуредувања на продавниците во крајбрежните градови, „Краш“ продолжува со модернизација на продавниците низ Хрватска и така продолжува со развојот и ширењето на своајата продажна мрежа. Новоуредената продавница „Краш & шоп“ во Славноски Брод е уште еден чекор во засилувањето на присутноста во срцето на Хрватска и приспособување на потребите на локалните заедници.

Извор/Фото: Instore. hr



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...