Регион

Хрватска: „Фортенова“ ја затвора онлајн плафтормата „Абракадабра“

19 Aug 2024

Како резултат на стратешки промени со цел да се насочи фокусот на основните дејности, „Фортенова група“ ќе ја затвори онлајн платформата „Абракадабра“.

Своевремено групацијата инвестирала околу шест милиони евра во отворањето на оваа онлајн продавница со амбиција од неа да направи една од водечките играќи во онлајн трговијата во југоисточна Европа.

Сепак, платформата не успеа да ја достигне целта за продажба од дваесет милиони евра во првата година, а покрај тоа годишните загуби на компанијата „А007 Плус“ (носител на брендот) пораснаа во претходните години,  а минатата година ја надминаа сумата од два милиони евра.

Потрошувачите неодамна беа известени на платформата дека „Абракадабра“ ќе престане со работа од 31 август оваа година, додека како последнен ден за купување преку оваа платформа е одреден 12 август.

Како што пренесува „Лидер“, бидејќи на платформата се продавале непрехранбени производи, вклучително и техничка стока, која е предмет на обврска на трговецот да издаде гаранција, на клиентите им било ветено дека ќе се погрижат за сите прашања поврзани со гаранцијата, поплаките и испораката. преку корисничка поддршка која ќе остане активна уште две години.

Групацијата најави дека „Абракадабра“ ќе продолжи да се грижи за сите свои вработени на кои им се обезбедува континуитет на вработување, од што може да се заклучи дека 26 вработени ќе бидат прераспоредени во рамките на групацијата.

 

Извор: Bankar.me

Фото: „Абракадабра“/Принтскрин 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...