Регион

БиХ: Отворен е реновираниот маркет на „Конзум“ во Бихаќ

12 Aug 2024

Повторно се отворени вратите на реновираниот маркет на „Конзум“ во Бихаќ, а од компанијата соопштуваат дека реновирањето на продажниот објект е дел од процесот на унапредување на продажната мрежа кое во континунитет се спроведува во Босна и Херцеговина.

Последниот во низата целосно реновирани маркети на „Конзум“ – БиХ е на оној во Бихаќ, кој е лоциран на адресата Босанска бб, кој сјае во нов и уште поубав амбиент со проширен и унапреден асортиман, соопштуваат од „Фортенова група“ преку нивниот профил на „Линекдин“.

Продажната мрежа на „Конзум“ во БиХ моментално има над 250 продажни објекти, со што „Конзум“ е позициониран на лидерското место во БиХ според големината и распространетоста на продажната мрежа.

 

 Извор/Фото: „Фортенова група“/„Линкедин“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...