Оваа недела промотивната понуда на „Лидл“ - Словенија е побогата за два нови оджливи вегански производи Juicy Marbles од словенечката компанија „Бево“.
Имено, се работи за веганскиот стек и ребра кои се од раститтелно потекло кои се најреална замена за месо.
Нашата цел е да создадеме исклучително вкусни и богати со хранливи материи месни производи од растително потекло, кои на љубителите на кулинарството им овозможуваат различни начини на приготвување. Нашите „стекови и ребра“ ќе ги импресионираат сите со хедонистичка жичка и бескомпромисна желба за здрава храна. Драго ни е што најдовме место на полиците на „Лидл“, каде што вредноста за купувачот секогаш е на прво место, изјави Тилен Травник, директор и коосновач на компанијата.
Понудата на вегански производи е исклучително важна, бидејќи ја поттикнува и задоволува растечката побарувачка на нашите купувачи за поодржливи алтернативи. Со нудење на вакви производи, ги поддржуваме заложбите за одржливост на „Лидл“- Словенија, ги охрабруваме и одговараме на трендовите на посвесни прехранбени навики на нашите клиенти и ги поддржуваме локалните производители, изјави Лео Обержан, главен набавувач на „Лидл“ за категоријата на растителни производи.
Извор/Фото: „Лидл“ – Словенија/„Линкедин“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.