Регион

Хрватска: Расте бројот на работници од странство

07 Aug 2024

Хрватска која има најниска стапка на невработеност, во моментов бележи пораст на бројот на работници од странство.

Годинава се издадени околу 73.000 работни дозволи за странски државјани, а се претпоставува дека до крајот на годината овој број ќе биде поголем.

Работниците од странските држави сега сочинуваат околу 40% од вкупната работна сила во градежништвото.

Сајнин Пуриќ, кој е директор на градежна компанија, вели дека главно вработуваат работници од Узбекистан, Турција, Индија, Непал и Албанија.

Работодавците го финансираат доаѓањето во Хрватска, работните дозволи и лекарските прегледи, пренесува „Сибиз“.

На нашиот пазар нема кадри, а обемот на работа во градежништвото во Хрватска во изминатите пет – шест години не може да се реши без увоз на работна сила, истакнува Пуриќ.

До крајот на оваа година се очекува во Хрватска да пристигнат неколку илјади работници од разни делови од светот за работа во секторите градежништво и услуги.

Според податоците кои „Фена“ ги добила од хрватското министерство за внатрешни работи, најмногу работни дозволи се издадени на државјани на БиХ – 18.503, потоа на Непал – 15.922, Србија – 14.325, Индија – 8.504, Северна Македонија – 7.236, Филипини – 6.232, Бангладеш – 5.338, а има и работници од Косово, Узбекистан и Египет.

 Извор: biznis.rs

Фото: Pexels  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...