Регион

Хрватска: „Атлантик група“ со силен раст на приходите и профитот

25 Jul 2024

 „Атлантик група“ во првата половина на 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 512,5 милиони евра, што претставува раст од 11,5% во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 29,2% на 57,4 милиони евра, додека нето добивката порасна за 16,5% и изнесува 24,4 милиони евра.

„Атлантик група“ продолжува да остварува одлични деловни резултати, при што растот на профитабилноста го надмина силниот раст на продажбата во речиси сите деловни и дистрибуциски области. И покрај зголемувањето на цените на какаото и сировото кафе, поголемите инвестиции во вработените и маркетинг активностите, продажните резултати овозможија силен раст на профитабилноста. Аквизицијата на друштвото „Штраус адриатик“ ја обележа оваа година, а напредокот на интеграцијата во „Атлантик група“ уште еднаш го докажува искуството на компанијата во аквизициите и постаквизициските синергии. Посебно сме радосни за наградите за ЕСГ лидер во Словенија и Србија, кои уште еднаш ја потврдуваат нашата посветеност на одржливиот развој. Продолжуваме со интензивни капитални вложувања и иновации, а посебно место зазема лансирањето на Argeta Meatless и Boom Box смути и крекери. Остануваме фокусирани на понатамошен успешен и одржлив раст во следниот период, истакна Емил Тедески, претседателот на Управата на „Атлантик група.“

Најголем раст остварија стратешките бизнис области (СБО) кафе (19,2%), пијалаци (10,2%) и деликатесни намази (10,1%). Кафето како најголема поединечна категорија учествува во вкупниот приход со 21,8%. Во дистрибуцијата предничат Стратешката дистрибуциска област (SDO) Северна Македонија со раст од 12,4% и Хрватска со раст од 9,3%. Во вкупната продажба на „Атлантик група“, сопствените брендови сочинуваат 63,2%, лекарската дејност 9,0%, додека брендови на принципали учествуваат со 27,8% од приходите од продажба, соопштуваат од компанијата.

„Атлантик група“ во првото полугодие од 2024 година оствари неколку клучни бизнис достигнувања. Заклучена е аквизицијата на „Штраус адриатик“ , со што брендовите Doncafе и C kafa се придружени во портфолиото, заедно со современиот производствен погон во Шимановци и 220 вработени. Компанијата е препознаена како ЕСГ лидер во Словенија и Србија, освојувајќи награди за транзицијата кон кружна економија и образовни програми, и доби сертификат „Екуал пеј шампион“ што се доделува на компании посветени на еднаква плата за еднаков труд и еднакви кариерни можности без разлика на полот.

Cedevita го објави своето прв засебен извештај за одржливост, додека годишниот извештај на „Атлантик група“ за првпат е изработен според европските стандарди за извештајување за одржливост (ESRS), со што „Атлантик група“ стана меѓу првите во регионот кои ги применуваат овие норми. Argeta лансираше линија безмесни намази, наградена со сертификат „Супериор тејст авардс“,додека Smoki премина на сончогледово масло и доби „Веган“ и „Халал’ сертификати. Boom Box го прошири својот асортиман со нови смути и солени мини крекери, соопштуваат од компанијата.

  Извор/Фото: „Атлантик група“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...