Регион

Црна Гора: Владата ги ограничува маржите за брашно, сол, масло и шеќер

23 Jul 2024

Потпретседателот на црногорската влада за економска политика и министер за економски развој, Ник Ѓелосај, за следниот период повторно најави ограничување на маржите за брашно, сол, масло и шеќер.

Маржите на основните животни намирници во големопродажбата ќе бидат ограничени на пет отсто, а во малопродажбата на седум отсто.

Ѓелосај истакна дека Владата се одлучила на овај потег поради најавеното поскапување на основните животни намирници.

Имајќи ги во предвид најавените поскапувања на цените на основните животни намирници во трговијата, а со цел да се заштити стандардот на граѓаните, ќе ја подготвам одлуката за ограничување на маржите. Одлуката ќе ги опфати основните животни намирници и тоа: пченично брашно тип 400, пченично брашно тип 500, шеќерот, сончогледовото масло и сол, изјави Ѓелосај.

Извор: Vijesti.mk

Фото:Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...