Компанијата „Пладис“ која е втор најголем производител на бисквити во светот е новиот принципал на компанијата „Нелт Европа“.
Компанијата „Пладис глобал“ е сопственик на многу светски познати брендови, а на пазарот во Словенија, „Нелт“ ќе има можност да го оправда довербата и да ги дистрибуира брендовите како McVities и Ülker, изјави Милена Вушак, извршна директорка на „Нелт група“ за пазарот во Хрватска и Словенија.
Покрај овие брендови, во портфолиото на „Нелт група“ во Словенија ќе се приклучат и американскиот бренд Flipz, брендот од белгиски чоколада Godiva, британските брендови на кекси и крекери Carrs i Jacob's, како и многу други производи во категориите слатки и солеки кекси, вафли, колачи и чоколада, соопштуваат од компанијата на нивната веб страница.
Компанијата „Пладис глобал“ е формирана во 2016 година и има повеќе од 300 години семејно искуство во пекарската и кондиторската индустрија. Експертизата на околу 16.000 вработени ширум светот е распространета низ 25 фабрики во 11 земји.
„Пладис глобал“ е компанија која има обрт од нешто повеќе од 4 милијарди евра годишно и бележи значителен пораст секоја година. Сметаме дека склученото партнерство е долгорочно и многу значајно за нашата динамика, заклучи Вушак.
Извор/Фото: „Нелт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.