Регион

БиХ: Пораст на увозот на алкохол

26 Jun 2024

Управата за директно оданочување на БиХ соопшти дека во првите пет месеци од годинава биле увезени 4,1 милиони литри алкохол повеќе во однос на истиот период од минатата година.

Од почетокот на годинава се увезле над 64,98 милиони литри алкохол во вредност од 100,3 милиони конвертибилни марки, што е повече во однос на истиот период од минатата година кога биле увезени 60,82 милиони литри во вредност од 92,13 милиони конвертибилни марки.

 Во првите пет месеци од годинава се увезле 58,2 милиони литри на пиво во вредност од 62, 6 милиони конвертибилни марки. Во истиот период од оваа година биле увезени 2,9 милиони литри вино во вкупна вредност од 16,2 милиони км., соопштуваат од Управата.

Во овој период најмногу алкохол бил увезeн од Србија ( во вредност од 37,6 милиони км) и Хрватска (14,3 милиони км).

 Во првите пет месеци од БиХ во другите држави извезени били 7,5 милиони литри алкохол во вредност од 16,1 милион км. Најголем удел во извозот имала ракијата, а потоа ликерите, останатите алкохолни пијалаци и пивото

 Најмногу алкохол бил извезен во Србија, потоа во Хрватска и во Северна Македонија.

 

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...