Регион

Словенија: „Ехрана“ повторно се враќа на пазарот

10 Jun 2024

Шпанскиот „Глово“ кој на пазарот во Словенија влезе во 2021 година откако ја купи  апликација „Ехрана“, на почетокот на мај неочекувано го напушти пазарот.

Сега повторно е достапна веб страницата на „Ехрана“, која од 2010 година беше достапна се до преземањето на  страна на „Глово“, пренесува „Сибиз“.

До доѓањето на платформата „Волт“, „Ехрана“ беше главна веб страница за доставување на храна во Словенија затоа што немаше конкуренција. Сега „Ехрана“ повторно ја регистрира својата дејност а како основач е наведен Матиќ Шубиќ, кој според „Форбс“ четири години работел во „Ехрана“, а потоа три години работел во „Глово ап Си“.

Од „Ехрана“ најавија дека следната недела ќе го претстават во јавноста новиот работен модел.

 Доставата преку веб страницата моментално може да се направи во шест градови, Љубљана, Марибор, Крањ, Цеље, Домжале и Копар.

Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...