Компанијата „Хенкел“ - Србија петта година по ред во соработка со Сојузот организации за подводни активности на Република Србија и Здружението „Калипсо“ го реализира проектот „ Ja сакам реката, а ти?“, чија цел е зачувување на водените површини ширум Србија.
Минатиот викенд беа организирани две акции за чистење во Крушевац и Ужице. Во саботата, вработените во компанијата „Хенкел“ заедно со останатите соработници успешно исчистиле повеќе од 1,5 тони отпад од езерото Челије. Акцијата за чистење продолжила и во неделата кога кај езерото Врутица, во близина на Ужице, биле отстранети 150 килограми на отпад. Од овие две локации вкупно бил исчистен 1,65 тони отпад, што претставува успешен почеток годинешната сезона за чистење на водените површини.
Соработката со Сојузот на организации за подводни актиности во рамките на проектот „Ја сакам реката, а ти?“, навистина стана традиција со оглед на тоа што со заеднички сили овие активностите за чистење на водените површини ги спроведуваме веќе пет години по ред. Горди сме на нашиот придонес во заштитата на животната средина и ќе продолжиме да инвестираме во своите водни ресурси во креирањето на зелената иднина, изјави Александра Радовановиќ, раководител на сектор за менаџмент на категории во компанијата „Хенкел“.
Многу сме горди на продолжувањето на соработката со компанијата „Хенкел“ со цел да го сочуваме природното богатство на нашата земја и се надеваме дека овој проект ќе продолжи да придонесува во таа цел и во следните години. Мислам дека е многу важно преку вакви или слични акции да ги едуцираме членовите на заедницата за еколошки прашања и начините на кои секој може да помогне, за со здруќени сили да постигнеме значајни и одржливи резултати, изјави Божана Остоиќ, претседателка на Сојузот на организации за подводни активности на Србија.
Проектот „Ја сакам реката, а ти?“ го спроведува секторот во „Хенкел“ за потрошувачки брендови во рамките на кампањата „Промената започнува од нас“, а во текот на претходните четири години биле собрани 8,5 тони отпад и организирани биле 24 акции за чистење низ целата Србија.
Извор: InStore.rs
Фото: „Хенкел“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.