Регион

Србија: „Неопланта“ им подари велосипеди на најдобрите ученици

30 May 2024

Компанијата „Неопланта“ и оваа година на најдобите ученици од училиштата во Нови Сад им подари 13 велосипеди и на тој начин веќе четврта година по ред продолжува со промовирањето на одржливиот развој и поттикнувањето на еколошката свест кај младите.

 Во културната станица „Еџшег“ во Нови Сад, компанијата им ги подари велоспедите на учениците за нивните остварени резултати.

 Во согласност со нашата долгорочна определба за еколошки иницијативи и поддршка за младинско образование, компанијата „Неопланта“  годинава со гордост ја продолжува традицијата на доделување награди на најдобрите ученици од Нови Сад. Оваа иницијатива не само што има за цел да ги награди исклучителните ученици, туку и да промовира еколошка свест и да поттикне одржлив развој кај помладите генерации. Сметаме дека инвестирањето во образованието и заштитата на животната средина е клучно за создавање подобра иднина, а овој чин е само еден од начините на кои придонесуваме кон таа цел, изјави Саша Ќириќ, менаџер за маркетинг и развој во „Неопланта.“

 Со донирањето на велосипедите за најдобрите ученици од Нови Сад, компанијата сака да ја поттикне и физичката активност кај младите, за да ги инспирира да бараат одржливи начини за превоз и да придонесат за својот град и здравото опкружување во Нови Сад, соопштуваат од компанијата.

Извор: Instore.rs

Фото: „Неопланта“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...