Регион

Хрватска: Маријана Кнежевиќ – Тудиќ е нова претседателка на управата на „Краш“

13 May 2024

На седницата на Надзорниот одбор на „Краш“, Маријана Кнежевиќ – Тудиќ е именувана за нова претседателка на управата на компанијата.

 Новата функција, Кнежевиќ – Тудиќ ќе ја преземе на 20.јуни, а на оваа позиција доаѓа од позицијата член на управата на „Краш“

 Новата претседателка на управата на „Краш“ ја започнала својата кариера во компанијава во 2000 година како приправничка, после дипломирањето на Прехранбено – биотехнолошкиот факултет. Во текот на годините работела на различни сектори, како што се производство, маркетинг и продажба.

Посебна чест е да станам претседателка на Управниот одбор на компанија која има стогодишна традиција и во која го поминав целиот мој работен век. Дваесетгодишното искуство во „Краш“ ми овозможи да ја запознаам оваа компанија, нејзините процеси, но и срцето на самата компанија, нејзините луѓе. Затоа, ова назначување го сметам за големо професионално и приватно признание. „Краш“ е еден од клучните столбови на кондиторската индустрија во регионот и добро препознатлива компанија на домашниот и меѓународниот пазар. Покрај актуелните цели, одржување на успешното работење и континуирано зајакнување на позицијата - лидер на пазарот во кондиторската индустрија, значаен фокус ќе биде и модернизацијата на производните процеси, иновативноста и подобрувањето на знаењата и условите за работа на вработените. И покрај предизвикувачките времиња, особено земајќи ги предвид динамичните околности како рекордниот пораст на цената на какаото, верувам во нашата способност заедно да ги надминеме и да ја одржиме стабилноста на бизнисот и да создадеме од „Краш“ компанија која е поотпорна на предизвици која ќе биде   во чекор со глобалните развојни стратегии и која ќе биде  гордост за сите - потрошувачите, вработените, акционерите, деловните партнери и заедниците во кои работиме, рече Кнежевиќ Тудиќ.

 Новата претседателка на Управниот одбор ќе го замени досегашниот претседател Ален Халамиќ, кој поднесе оставка од лични причини. Тој изрази благодарност до сите колеги за соработката  и го поздрави доаѓањето на новата претседателка на управата на „Краш“.  Халамиќ и понатаму ќе биде дел од  компанијата како советник на Управниот одбор.

 

 

Извор: InStore.hr

Фото: „Краш“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...