Регион

Србија: „Матони 1873“ ја презеде сопственоста во „Књаз Милош“

26 Apr 2024

Најголемиот производител на минерални води и безалкохолни пијалаци во Централна Европа, „Матони 1873“, го превзел од компанијата „Пепсико“, уделот од 46,43% во „Књаз Милош“, со што станува единствен сопственик на овој водечки производител на минерални води и енергетски напитоци на српскиопт пазар.

 „Матони 1873“ работи во осум држави, има 3.400 вработени, 11 производствени погони и 39 брендови, како што се Knjaz Miloš, Mattoni, Magnesia, Szentkirályi, Waldquelle и др.

Во Чешка, Австрија, Бугарија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора и БиХ,  компанијата е екслузивен производител и дистрибутер на брендовите на „Пепсико“.

Во 2023 година на сите пазари каде што работи, оваа европска групација имала продажба од речиси две милијарди шишиња.

 Со енергијата на „Матони“, со целосната доверба на тимот и континуираните добри резултати, продолжуваме да ја развиваме „Књаз Милош“ во една од водечките производители на безлакохолни пијалаци на Западен Балкан, изјави Марко Станковиќ, генерален директор на „Књаз Милош“ и компанијата „Матони“ за Западен Балкан.

 Со натамошното инвестирање во „Књаз Милош“, сакаме да ја изградиме неговата одржлива иднина, преку инвестиции во квалитетни производи, иновации и креирање на нови можности за раст на компанијата и луѓето, изјави Александро Пасквале, сопственик и претседател на „Матони 1873“.

Извор: Instore.rs

Фото: „Књаз Милош“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...