Регион

Хрватска: „Лидл“ отвори логистичко – дистрибутивен центар во Криж

26 Apr 2024

Во Криж е отворен третиот и најголем логистичко – дистрибутивен центар на „Лидл“  во Хрватска.

 Центарот е со висина од 23 метри и има капацитет за 39.000 палети, а се простира на површина од 167.000 квадратни метри.  Овој центар беше симболично отворен од страна на претседателот на управата на „Лидл“ – Хрватска, Борис Ложиќ заедно со градоначалникот на општината Криж, Марко Магдиќ.

 Вредноста на инвестицијата на логистичко – дистрибутивниот центар во Криж изнесува 120 милиони евра, што претставува најголема инвестиција на „Лидл“ од доаѓањето на хрватскиот пазар. Третото складишнте на „Лидл“ во Хрватска е изградено за нешто повеќе од две години, тоа е исклучително енергетски одржливо и ја следи нашата политика за одржливост на сите нивоа. Нашата цел е да раснеме и да го шириме работењето, а ова складиште е уште еден чекор во таа насока. Пред нас се бројни проекти кои ќе придонесат за нашиот понатамошен одржлив развој. Им благодарам на сите вработени во Хрватска, кои со посветеноста, трудот и работењето во овие 18 години придонесоа за успехот на „Лидл“ во Хрватска, изјави Ложиќ.

Објектот на складиштето е 64.000 квадратни метри, опремено е со најмодерна технолошка опрема, како што е автоматиката за управувањето со температурата  и светлината во складиштето, истакнуваат од компанијата.

Овој објект е сигурен од поплави кои се карактеристични за ова подрачје и се наоѓа на парцела која што е подигната за 2,5 метри во однос на околината. На покривот на објектот има фотонапонски систем со капаците од 0,5 мв, а како извор за топлина за целиот објект се користи отпадна топли од разладниот систем.

 Во складиштето се вработени над 150 луѓе, има над 130 електрични виљушкари, 302 паркинг места за автомобили, 78 паркинг места за камиони и два полначи за електрични возила.

 По повод отворањето, компанијата донираше 15.000 евра на локалната заедница, односно по пет илјади евра на Основното училиште „Милка Трнина“, Протовпожарната служба и на Детската градинка.

Извор: Instore.hr

Фото: „Лидл“ - Хрватска



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...