Регион

Србија: Отворен е нов „Персу“ маркет во Борча

15 Apr 2024

На 11.април во Борча свечено беше отворен 175. „Персу“ маркет.  

 Новоотворениот „Персу“ маркет се наоѓа на адресата Великореметска 15 и има едноставен пристап за сите купувачи кои живеат во близина. Со својот модерен дизајн, широкиот асортиман на производи и пријатната атмосфера, овој маркет со сигурност ќе стане омилено место за сите оние кои сакаат да заштедат во купувањето, соопштуваат од „Персу“.

Маркетот се простира на површина од над 130 квадратни метри и на потрошувачите им нуди над 2.300 артикли.

Од компанијата информираат дека и овој пат подготвиле изненадувања и попусти за потрошувачите и додаваат дека со оваа пракса ќе продолжат и во иднина.

 „Персу“ маркет веќе 27 години работи како малопродажен формат во рамките на акционерското друштво „ББ трејд“. Трговската дејност ја врши во 175 малопродажни објекти на териториајта на Војводина и Белград и членка на Домашниот трговски синџир.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Персу“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...