На 30.март свечено беше отворен реновираниот маркет на „Персу“ во Башаид, на адресата „Војвоџанска 58“.
Маркетот се протега на површина од 150 квадратни метри и нуди над 2.500 артикли од различни домашни и светски брендови, соопштуваат од „Персу“.
Од компанијата велат дека и овој пат продолжуваат со воспоставената пракса на подарување, па така новите соседи ги израдувале со бројни подароци, изненадувања и попусти и додаваат дека таквата традиција ќе продолжи и во иднина.
Маркетите „Персу“ работат веќе 27 години како малопродажен формат во рамките на акционерското друштво „ББ Траде“. Трговската дејност ја вршат во 174 малопродажни објекти на територијата на Војводина и Белград.
Извор:Instore.rs
Фото: „Персу“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.