Регион

Србија: „Персу“ отвори нов маркет во Вилово

29 Dec 2023

Вчера на нова локација во Вилово бил отворен новиот „Персу“ маркет.

 Постоечкиот маркет е преместен на нова локација, но, иако се работи само за неколку метри оддалеченост, направен е „голем чекор“ кога станува збор за удобноста, понудата и комфорот во купувањето, соопштуваат од компанијата.

 Новиот маркет се протега на површина од околу 150 квадратни метри и на потрошувачите им нуди над 2.000 артикли од различни брендови.

 Нашите продажни објекти се место каде што нашите соседи се снабдуваат со сите неопходни намирници за живот. Затоа е важно тој простор да биде пријатен и инспиративен. Како и секогаш кога отвораме нов „Персу“ маркет, спремивме многу изненадувања. Нашите најверни соседи на денот на отворањето ги израдувавме со 250 подарок пакети, како и бројни акции и промоции, соопштуваат од компанијата.

Маркетите „Персу“ веќе 26 години работат во малопродажен формат во рамките на акционерското друштво „ББ трејд“.  Трговската дејност ја вршат во 176 малопродажни објекти на територијата на Војводина и Белград и членови се на Домашниот трговски синџир, кој денеска обединува 14 тровски компании, 780 малопродажни објекти и 6.500 вработени на територијата на Република Србија.

 Извор: Instore.rs

Фото: „Персу“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...