Регион

Србија: Отворен нов „Персу“ маркет во Панчево

25 Dec 2023

Отворен е нов „Персу“ маркет на адреса „Ослободување“ бр.84, во Панчево, кој на купувачите кои живеат во близина ќе им овозможи едноставен пристап.

Од компанијата наведуваат дека и овој пат продолжуваат со воспоставената пракса на подарување, така што и овој пат нудат многу попусти, изненадувања и подароци, а ваквата традиција ќе продолжи и во иднина.

Со модерниот дизајн, широкиот асортиман на производи и пријатната атмосфера, овој маркет со сигурност ќе биде омилено место на сите оние кои сакаат да заштедат во купувањето. На над 140 метри квадратни продажна површина, маркетот ќе им понуди на своите купувачи над 2.500 различни локални и глобални производи, вклучувајќи свежо месо во „МАР“ пакување, квалитетни млечни и и деликатсни производи, но и внимателно одбрано овошје и зеленчук, соопшуваат од „Персу“.

Кон крајот на јуни, „Персу“ маркетите ги намалиле редовните цени на над 5.000  производи со цел да го ублажат влијанието на инфлацијата врз семејниот буџет. Цените биле намалени просечно и до 30%, а производите со намалени цени се јасно обележани со црвена боја и ознака „Секогаш суПер цена“.

 Маркетите „Персу“ работат веќе 26 години во малопродажен формат во рамките на акционерското друшвто „ВВ трејд“. Трговската дејност ја вршат во 176 малопродажни објекти на територијата на Војводина и Белград.

 

 

 Извор: InStore.rs

 Фото: „Персу“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...