Регион

Вработените во „Нелт“ се приклучија на акцијата „Срце на терен“

24 Nov 2023

Над 70 членови на менаџмент тимот на „Нелт“, учествуваа во акцијата Срце на терен, и го поминале работниот ден со своите колеги и колешки од дистрибуцијата и синџирот на снабдување.

 Оваа актиновност во „Нелт“ се организира веќе 6 годни и им нуди можност на вработените од различни позиции да се обидат во нови улоги, да ги запознаат колегите на терен и да се запознаат со предизвиците со кои ти се соочуваат како и да разменат искуства од работата од различни позиции, објаснуваат од компанијата на нивниот профил на Linkedin.

Бев на терен со колегата за достава, Силвио Димитриевиќ, се запознав со неговото секојдневие, начинот како комуницира со корисниците и фокусот кој го става на ефикасност на рутата. Работата на колегата за достава е од голема важност, мило дека нашата компанија инвестира во технолошки решенија, има еколошки пристап и постојано ги унапредува услугите, а тоа придонесува за задоволството на колегите и на корисниците, изјави Иван Лаушевиќ, портфолио менаџер.

Акцијата „Срце на терен“ започнала во 2017 година, кога е организирана два пати во годината, во јуни и во декември. Целта на акцијата е унапредување на соработката меѓу менаџментот и вработените во секторот за достава, како и поттикнување на грижата за луѓето.

 

Извор и фото: Nelt/Linkedin



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...